| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони и официјално разведен – бившата сопруга ќе добива по 1.4 милиони евра месечно

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата поранешна сопруга Вероника Ларио и официјално се разведоа по судска одлука во Монца, Италија.

По 22 години заедно, три деца и четири години одвоен живот, тие и судски се разведени, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Судот допрва треба да донесе одлука за поделбата на средствата.

Според првата судска одлука, 57-годишната Ларио требаше да добива три милиони евра месечно, но по жалбите на Берлускони, тој износ е намален на 1,4 милиони.

Таа апелираше на таа одлука, па конечната пресуда сѐ нема.

Вероника Ларио поднесе барање за развод од поранешниот премиер во мај 2009 година, објаснувајќи пред медиумите дека „не сака да остане со маж кој има односи со малолетници“.

Сегашна партнерка на 77-годишниот Берлускони е Франческа Паскал, која има смао 28 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top