| четврток, 6 декември 2018 |

Шестте најдобри фудбалери на светот на уметничко платно

Обединувајќи ја фотографијата, уличната уметност и спортот, а со цел да ја прослави „Уметноста на фудбалот“ како дел од фудбалската кампања на брендот за 2014 година, „Пепси“ ја најави својата глобална креативна изложба. Шесте најдобри фудбалери на планетата: Лео Меси, Робин Ван Перси, Џек Вилшир, Давид Луиз, Серхио Агиеро и Серхио Рамос, беа модели за креативната изложба направена од шесте водечките улични уметници и фотографот Дени Клинч.

Pepsi - the art of football (3)

Резултатот на оваа соработка се шест спектакуларни платна 3х3 метри избрани специфично да ги претставуваат вибрациите и духот на земјите на глобалните играчи.

Pepsi - the art of football (4)

Со цел да се долови страста на спортистите и нивната возбуда за играта, „Пепси Макс“ го ангажираше фотографот Дени Клинч, чии одбрани, остри, црно-бели слики на легендарни субјекти добија глобално признание. Сликите на Клинч потоа беа појачани од шестте улични уметници, давајќи и на фотографијата неконтролирани, креативни рабови, урбана суровост, смели бои и чувство на движење.

– Фотографирањето на едни од најритмичните и најенергетични индивидуалци на чист и едноставен начин беше навистина возбудливо искуство. Нивните индивидуални карактери навистина доаѓаат до израз пред камерата – изјави Клинч.

Pepsi - the art of football (6)

Иновативната уметничка соработка е важен дел од годинешната „Пепси Макс“ фудбалска кампања. Уличните уметници кои учествуваа ги вклучуваат професионалниот бомбер од Британија, Хети Стјуарт, аргентинскиот урбан артист Јаз, бразилскиот илустратор и уличен уметник Рикардо АКН, визуелниот уметник од Барселона Зосен, Меријн Хос, визуелен уметник од Холандија, како и аргентинскиот уличен уметник Евер.

Pepsi - the art of football (7)

– Постои инстинктивна поврзаност меѓу уметниците и фудбалерите во нивната енергија, страст и креативност, без разлика дали е на платно или на терен. Ние сме страсни во креирањето на визуелен јазик кој ја доловува енергијата и движењето на фудбалот во животот на моќни и уникатни парчиња уметност, кои ги портретираат нашите играчи во духот на моментот. Овие се двете херојски слики на годинешната глобална „Пепси“ фудбалска кампања и прекрасно го отсликуваат нашето мото Живеј ја сегашноста – вели Кристин Патрик, Глобален „Пепси“ маркетинг директор.

Pepsi - the art of football (8)

Како дополнување на колекцијата „Уметноста на фудбалот“, Пепси (Макс) ќе продолжи да им овозможува на фановите возбудливи и интерактивни содржини низ годината – од ограниченото пакување со глобалните Пепси играчи и глобална телевизиска реклама, па се до интеграција со музика, филм, дигитални и интерактивни искуства – со што ќе ги приближи до играта која ја сакаат.

Pepsi - the art of football (9)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top