
Европската агенција за лекови (ЕМА) тврди дека сите таблети за контрацепција може да предизвикаат тромб кај жените, дури и смрт.
– Новите видови таблети за контрацепција не треба да им се даваат на жените кои имаат висок ризик од згрутчување на крвта. Лекарите треба добро да проценат на можните ризици кај жените кога препишуваат таблети на пациентките, соопшти ЕМА.
Извештајот на Европската агенција за лекови откри дека синтетичките хормони кои се користат во третата генерација таблети за контрацепција го зголемуваат ризикот од длабока венска тромбоза во многу поголема мерка отколку што досега се сметаше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


