Единствениот македонски олимпиец кој настапува во алпско скијање на Зимските Олимписки игри во Сочи Антонио Ристевски не ја заврши првата трка во велелслалом кој се вози денеска.
Во оваа алпска дисциплина се пријавени 109 натпреварувачи. Тој на првата мерна точка заостануваше 1.32 секунди зад лидерот, Американецот Тед Лигети, но во продолжението не успеа да ги исконтролира скиите и невнимателно излета од патеката.
Ристовски вторпат во кариерата настапува на ЗОИ, по оние во Ванкувер во 201о година. Се очекува да направи добар резултат на слаломската трка која е закажана за в сабота во која има изборено А-олимписка норма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


