
Според професорот Милан Бошкоски од Институтот за национална историја, од цртежите и од минијатурата од т.н. Мадридски ракопис може да се забележи дека Самуил бил натпросечно висок човек, имал руса коса, бело лице и средена брада, носел и црвена капа, што значи дека бил висок благородник, пишува Нова Македонија.
Сега и точно се знае како изгледале царот Самуил, неговиот син Гаврило Радомир, ќерките Мирослава и Косара, сопругата Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав и неговата сопруга Марија.
Ликовите на членовите на семејството на царот Самуил се идентификувани во минијатурите од т.н. Мадридски ракопис од крајот на 11 и почетокот на 12 век, значи непосредно по неговата смрт, додека уште биле живи директните потомци на македонскиот цар.
Според идентификацијата што ја изврши Милан Бошкоски од Институтот за национална историја, неговиот лик на минијатурата и на уште два цртежа се единствените автентични претстави на македонскиот цар. Оттука, вели тој, сѐ што е досега објавено како негов портрет е само слободна уметничка визија за тоа како би можел да изгледа царот Самуил.
Целиот текст овде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


