
Во Музејот на македонската борба денеска во 12 часот ќе се одржи промоцијата на второто ЦД „Незаборав“ кои содржи песни и ора извадени од плочи во изведба на врвни инструменталисти и пејачи од НУ Ансамблот „Танец“.
На промоцијата ќе бидат презентирани и старите лонг плеј плочи, за да се види од каде се вадат овие песни, а сето тоа ќе послужи и како најава за ,,Незаборав III“,,Незаборав IV“.
– Во оваа за нас многу значајна година планираме уште еден поголем проект во соработка со Музејот за македонска борба кој опфаќа изложба за 65 години постоење на ,,Танец“, како и ексклузивна ревија на народни носии – велат од „Танец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


