Министерството за внатрешни работи на Украина прогласи мобилизација на милицијата во реонот на барикадите на киевскиот Плоштад на независноста, соопшти ИТАР-ТАСС.
Во соопштението се наведува дека денеска во милициските станици во престолнината е добиена наредба за собирање на сите слободни резерви од личниот состав крај барикадите во 18 часот по локално време. Наредбата е во врска со евентуалното расчистување на центарот на Киев од демонстранти.
Според податоците на локалните медиуми кон центарот на Киев се упатиле неколку оклопни транспортери. Таму сега има околу 20.000 лица.
Претходно денеска опозицискиот лидер Виталиј Кличко изјави дека не ја исклучува можноста властите да прибегнат кон насилна интервенција, но додаде дека властите и опозицијата планираат утре да го обноват дијалогот за наоѓање мирен излез од кризата.
Претседателот на партијата „УДАР“ ги повика учесниците на протестот да останат на Мајдан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Меѓу првите жртви, мајка и бебе: Ураганот Флоренс сруши дрво врз нивната куќа


