
(ЕПА)Молитва на големата муслиманска заедница на плоштад во Атина, град каде се чека изградба на прва џамија
Грчката Влада демантира дека постои некаков договор со Турција во врска со изградбата на џамија во Атина, јави дописникот на МИА.
Грчки и турски медиуми пренесоа дека грчкиот заменик-министер за надворешни работи Константинос Цириас во парламентот им рекол на пратениците дека џамијата во Атина ќе се гради исклучиво со грчки пари и оти не е „специфична тема во агендата на турско-грчката дипломатија“.
– Им кажавме на турските функционери дека тие постојано се обидуваат оваа тема да ја поврзат со нивната политика во последните години, за заштита на муслиманите во светот. Грчката држава ја презеде оваа иницијатива со цел да се задоволат потребите на муслиманите кои живеат или ја посетуваат Атина со тоа што ќе им се понуди место каде што ќе можат да се молат, изјави Цириас во одговор на парламентарно прашање на „Златна зора“.

(ЕПА)Полициски кордон ги чува муслиманските верници од нападите на „Златна зора“ додека се молат на плоштад во Атина
Дел од грчките медиуми јавија дека турскиот премиер Едоган понудил помош за изградбата на џамијата во Атина. Тоа го потврди и Цириас, но додал дека Владата ја одбила помошта. Тој додал дека Атина е динствениот европски град без џамија, заради што била подложена на критики од другите земји.
Џамијата ќе се гради во стар комплекс на морнарицата во атинската област Елаијона. Според проектот, џамијата ќе биде изградена без минаре за да се избегне менување на пејзажот на областа. Грчката држава ќе биде сопственик на имотот, а со џамијата ќе управува комитет составен од петмина грчки официјални претставници и двајца муслимани. Имамот ќе го назначи грчкото Министерство за образование, информира Цириас.
Министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во петок ќе престојува во работна посета на Анкара, како одговор на посетата на шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу на Атина во октомври 2012. Двајцата министри ќе разговараат за подготовките за состанокот на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Турција кој ќе се одржи во Турција на 5 март годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа


