| четврток, 6 декември 2018 |

Металург загуби во Брест од Мешков

Македонскиот вицешампион Металург загуби во Белорусија од Мешков Брест со 24-27 и падна на петтата позиција на табелата во СЕХА лигата. Заморот од возбудливиот дуел со Динамо Минск во рамките на Лигата на шампионите, што „металурзите“ го одиграа викендов, вечерва го искористија ракометарите на Мешков и славеа значајна победа за пласман на фајналфор турнирот во Регионалната Лига.

Камишњук од редовите на домашната екипа беше најефикасен на мечот со 6 гола, а со пет го следеше одличниот пикер Растко Стојковиќ. Кај Металург 5 гола даде Дејан Манасков, а зад него со по 4 гола се Ојлевски и Циндриќ.

По поразот во Белорусија, Металург падна на петтата позиција со 25 бода колку што има и македонскиот првак Вардар, но „црвено-црните“ имаат одиграно еден меч помалку. Брест Мешков ги прескокна двете наши екипи и има 27 бода на третото место. Сигурни патници на завршниот турнир, на кој ќе играат најдобрите 4 екипи, се лидерот Загреб со 34 бода и Татран Прешов со бод помалку и еден натпревар повеќе.

Утре Вардар гостува во Словачка и ќе игра против Татран Прешов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top