| четврток, 6 декември 2018 |

Гоца Тржан итно оперирана

Српската пејачка Гоца Тржан вчера итно беше оперирана во Белград. Таа беше примена на офталмолошката клиника, каде што мораше да ја отстрани атеромата кој ѝ се појавила под окото. Бидејќи атеромата почнала да станува сѐ поголема и поболена, Гоца одлучила да се оперира.

Интервенцијата поминала релативно лесно, а пејачката сега е на домашна нега, пренесува српски „Свет“.

Атерома или дермална циста е бениген раст на кожата и поткожното ткиво. Таа настанува со зголемена секреција на лојните жлезди и формирање капсула околу тоа место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top