| четврток, 6 декември 2018 |

Не можела да остане трудна по природен пат: Гоца отишла на вештачко оплодување, но и тоа не успеа

Гоца Тржан не крие дека би сакала на својот сопруг Радомир Раша Новаковиќ да му подари дете. Таа со него била седум години во врска, три во брак, а она што сигурно би придонело за нивата среќа е дете.

После повеќе обиди да затрудни по природен пат таа се решила за процес на вештачко оплодување, но ни тоа не успеало. Сепак нејзината желба за дете е уште посилна и Гоца не се откажува од тоа.

-Не сум жена која баш лесно паѓа. Мала сум, па тежиштето ни е ниско. Полека, тоа никогаш не е доцна. Ние веќе сме родители, имаме за кого да водиме сметка. Би сакала уште еднаш да станеме родители, да имаме уште едно дете, но ако тоа се случи, ќе се случи, ако не, имам ќерка, нека е жива и здрава-рекла Гоца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top