Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во украинската престолнина Киев денеска загинаа најмалку тројца опозициски демонстранти, а околу 150 се повредени, од кои неколкумина потешко, соопштија лекари од редовите на опозицијата.
Лекарите што во полската болница ги згрижуваат повредените опозиционери, изјавија дека повеќето луѓе се повредени од шок-бомби, а дека 30 потешко повредени се здобиле со повреди на главата и дека на едно лице му е ампутирана раката, јавија француските медиуми.
Пред украинскиот Парламент во Киев утринава дојде до судир меѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кои се обидоа да дојдат до зградата на Парламентот за да го засилат притисокот врз претседателот Виктор Јанукович, но беа спречени од полицијата, која постави колона полициски камиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Меѓу првите жртви, мајка и бебе: Ураганот Флоренс сруши дрво врз нивната куќа



