Тешко товарно возило – шлепер натоварено со цевки денеска околу пладне се преврти на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на селото Ботун.
Според првичните информации од полицијата, веќе е извршен увид на местото на незгодата за утврдување на причините поради кои дошло до превртување на шлеперот, односно дали станува збор за пречекорување на брзината или за технички проблем на возилото.
Возачот на шлеперот не се здобил со повреди, а се извршени активности за подигање на шлеперот.
По краткиот прекин, сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево е нормализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



