
Брзина, алкохол и лизгав коловоз предизвикаа сообраќајна незгода синоќа околу 1.30 часот бво Лобор, во близина на Лепоглава во Хрватска. Млад возач со хјундаи слетал од патот, влетал во двор на семејна куќа и се забил во ѕидот од дневната соба, јавува Zagorje.com.
Иако атомобилот силно удрил во ѕидот и се превртел на покрив, возачот е неповреден. Во моментот на несреќата сопственикот на куќата, која од улицата е оддалечена повеќе од 8 метри, бил дома, во дневната соба гледал ТВ. Во мометот кога автомобилот удрил во ѕидот, летнал од каучот,испаничен дека куќата се урива.

Никој од куќата не е повреден, но се преплашени. Ѕидот во дневната е урнат, скршен е еден прозорец, радијатор. Штетата е околу 600 евра.

Сведоци на несреќата се момчиња кои се враќале од град и притекнале да му помогнат на возачот. Го извлекле од автомобилот во алкохолизирана состојба и заедно со него ја чекале полицијата во разурнатата дневна соба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


