| четврток, 6 декември 2018 |

Членките на ЦЕФТА со арбитража да ги решаваат споровите

kamioni-kolona-guzva-1344421449-195543

Членките на ЦЕФТА да користат арбитража за решавање на споровите
– Земјите членки на ЦЕФТА да ги решаваат споровите по пат на арбитража зашто овој начин е многу побрз, поефикасен и поекономичен од судскиот- порачуваат експертите.
Тие на денешната меѓународна конференција по повод 92. години од постоењето на Стопанската комора на Македонија, нагласија дека е особено важно, во моментот кога се склучува договорот за решавање на споровите, да се ангажираат правни експерти кои добро
ќе ги прочитаат одредбите и клаузулите. Во спротивно, можен е каков било превид што потоа резултира со огромни финансиски загуби.
Како што рече проф. д-р Арсен Јаневски, претседател на Постојаниот избран суд – арбитража при Стопанската комора, бројот на споровите минатата година во Македонија не бил многу голем, но квалитетот на донесените одлуки е одличен.
– Лани имавме околу пет до шест спорови од кои најголемиот беше девет милиони евра. Се реши за помалку од една година, но најважно е тоа што одлуката беше извршена без никакви приговори од другата страна. Се заврши и уште еден спор вреден три милиони евра. Постапката траеше не повеќе од осум месеци. И во овој случај постапката се спроведе – истакна Јаневски.
Според него, цената на арбитражата зависи од вредноста на предметот на спорот, а административната такса е 200 евра. – Можеби се чини дека арбитражата е поскапа од судот, но тоа во никој случај не е така ако се има предвид времето за кое се завршува постапката,
нагласи професорот.
Во Хрватска минатата година вкупната вредност на решените спорови по пат на арбитража била околу 30 милиони евра, додека во 2012 година околу 120 милиони евра. За последните 10 години, изјави проф. д-р Михајло Дика, претседател на Постојаниот арбитражен суд при Комората на Хрватска, вредноста достигнала 800 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top