Со средства од буџететот на Општина Вевчани, се реконструираат и разубавуваат двата моста на Вевчанска Река, објави „Охридњуз“. Како што информира градоначалникот Цветомир Угриноски, мостовите се градат од камен, а ќе бидат поставени и огради од ковано железо, канделабри, ќе се изградат пешачки патеки, по што ќе се изврши и осветлување на мостовите со што тие ќе добијат сосема нов лик.
По завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите, во Вевчани ќе следува асфалтирање на улицата, која води кон селото Подгорци и довршувањето на Спортската сала. Во подготовка е и студијата за изградба на скијачки терени, како и проектот за изградба на плоштадот во Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.