Фудбалскиот сојуз на Косово го повика фудбалерот на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај, да игра за нивната репрезентација.
Приказната за изборот на Јанузај е добро позната, како и фактот дека поради специфичниот сплет на околности тој може да игра за повеќе репрезентации.
– Тоа е симболична покана, но многу би им значела на луѓето – вели Ерол Салих, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Косово.
– Тоа би било знак дека не заборавил од каде потекнува – додаде Салих.
Иако Косово не е член ниту на ФИФА ниту на УЕФА, има специјална дозвола да игра против членови на овие две организации, но исклучително пријателски натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


