| четврток, 6 декември 2018 |

Мирко Спасески нов претседател на ФК Вардар

Поранешниот капитен на фудбалскиот клуб Вардар, Мирко Спасески, денеска попладне ќе биде промовиран во нов претседател на „црвено-црните“. Спасески со години го носеше дресот на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, има и шампионски титули, а моментно е заменик-уредник во „Македонски спорт“.

Поранешниот лев бек на Вардар и претходно извршуваше дел од носечките функции во клубот, а сега е дел од новата структура на новиот сопственик на „црвено-црните“, Сергеј Самсоненко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top