Олимписки ден во Сочи за паметење и огромна радост на Словенците, а голем успех прославија Тина Мазе со освојување на златниот медал во велеслалом, зачинет со пласман на хокеарите во четврт-финалето на машкиот турнир. Словенија ја декласира Австрија со 4-0 во дербито на соседите и ќе игра против Шведска.
Анже Копитар, кој е член на НХЛ екипата на Лос Анџелес, најави победа на Словенија со погодок во шестата минута од првиот дел, а триумфот го потврдија Урбас, Ковачевиќ и Мурсак со по еден погодок.
Денеска во останатите осминафинални дуели домаќинот Русија ќе игра со Норвешка, Швајцарија е фаворит против Летонија, а во големото дерби Чешка ќе излезе на мегдан со Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Македонското сценарио и во Словенија: Јанша го врати мандатот, не може да состави влада


