| четврток, 6 декември 2018 |

Докторка од Охрид дежурала 365 дена

doktor malenko

Доктор Софија Маленко, рендгенолог специјалист од Охрид, жената  началник на одделението за компјутерска томографија  при  општата болница,  работи седум дена во неделата,  а 24 часа дневно е дежурна. Причина за ваквата состојба е недостиг od рендгенолози.

– Работиме од 8 д 14 часот,  а потоа до следниот ден до 8 часот, секој ден сме дежурни  на повик. Во радиолошката служба работам само јас, еден лекар  радиолог специјалист. Пациенти имаме премногу доаѓаат секој ден не само од Охрид туку од Струга, Ресен, Дебар и Битола – вели д-р Маленко за „Охриднет“.

Радиолошкото одделение покрива 13 болнички одделенија, кои секој ден слободно праќаат пациенти. Дневно има десетина закажани пацинети преку мој термин и плус по десетина приоритетни пациенти.

– Дневно имаме во просек по дваесет компјутерски снимања. Ги покриваме сите закажани пацинети со термин, приоритетни листи, но и итни, ургентни случаи, кои, за жал, се многу чести бидејќи Охрид е град каде што преку лето потребите од нашата услуга се двојно или тројно зголемени – додава Маленко.

Радиолошката служба има итна потреба од персонал. Двајца доктори специјалисти со кои одделението би функционирало нормално.

– Со овој проблем се запознаени сите, меѓутоа засега нема никаква најава дека некој ќе дојде. Имаше најава дека треба да дојде доктор со искуство од Кичево, но Министерството за финансии од непознати причини за мене го одбило барањето – додава Маленко.

На наше прашање како е да се биде дежурен 365 денови во годината, без одмор и слободен ден, позитивната докторка вели:
-Самата помисла дека си на стенд ап 24 часа е тежина. Седум дена во неделата, триесет денови во месецот, 365 дена во годината, немаме ниту празник ниту викенд ниту ден слободен навистина постојано си на штрек. Никој не те прашува колку пацинети си имал денес и колку било напорно ако имаме итен случај ние веднаш сме на одделение. Притисокот е огромен, тешко се постигнува имаме огромен број пациенти оправдано загрижени за своето здравје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top