| четврток, 6 декември 2018 |

Тина Мазе со втор златен медал во Сочи

Фантастичната словенечка алпска скијачка Тина Мазе победи во денешниот велеслалом возен во Сочи на Зимските Олимписки игри. Мазе победи со време од 2.36.87 минути и со предност од само седум стотинки предност пред Ана Фенингер од Австрија го освои златниот медал. На третото место се пласираше златната од Ванкувер Германката Викторија Ребенсбург со заостанување од 27 стотинки.
Ова е втор медал за Мазе во Сочи и повторно златен. Таа беше најбрза и во спустот. Словенката по среброто во Ванкувер пред четири години успеа да остане во самиот светски врв и ја продолжува успешната кариера. Таа е победничка во светскиот куп во минатата сезона со најмногу освоени поени во историјата.
Во женска конкуреција останува уште една алпска дисциплина и тоа слалом, кој треба да се вози во петок.
Организаторите имаа се повеќе проблеми, бидејќи времето се менува од ден на ден, најпрвин високи температури, па дожд, а денеска во утринските часови обилни врнежи од снег и магла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top