В среда, 19 февруари, во Тетарот за деца и младинци премиерно ќе се изведе претставата „Бајка за царот Нај“ од Снежана Иљоска-Наумовска, а во режија на Коле Ангеловски.
Во новиот проект на оваа национална установа учествуваат: Борјан Кирковски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ненад Митевски, Емра Куртишова, Симона Спировска, Винета Дамческа, Мики Анчевски и Мартин Јорданоски.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Розе Трајческа-Ристовска, а музиката на Љупчо Мирковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.