Реал Мадрид во ерата на Карло Анчелоти е пеколна машинерија, а тоа го потврдува и фактот дека под палката на италијанскиот стратег „кралскиот клуб“ најбрзо постигна 100 погодоци во последните половина век. Последен пат побрзо до „стотката“ Реал стаса пред 54 години кога тренер на тимот од Мадрид беше Мигел Муњоз.
За „кралскиот“ клуб кој е сериозен конкурент за титулата во Шпанија, охрабрувачки делува и податокот дека добро им оди и без главната ѕвезда Кристијано Роналдо. Популарниот „CR7“ ја одработува суспензијата од 3 натпревари, а и без него Реал победува. Само во Примера Дивизија, каде Реал Мадрид е на делба на челната позиција со 60 бода, играчите на „белиот балет“ имаат постигнато 68 гола на 24 натпревари. Поефикасни за еден гол се само фудбалерите на лутиот ривал Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера


