| четврток, 6 декември 2018 |

Самбата со најмногу поени – Сара и Мишо сѐ подобри (ВИДЕО)

Две десетки и една деветка, поточно 29 поени, добија Сара Мејс и Мишо Спасовски за нивниот танц во последната прикажана епизода на „Танц со ѕвездите 2“.

Тоа е не само нивен личен рекорд, туку и највисоко оценет танц од страна на жирито во втората сезона на популарното шоу.

sara miso

Младата пејачка со својот партнер од емисија во емисија стануваат сѐ подобра, а со тоа заслужено добиваат поголемо внимание и од публиката.

Уште една од двојките-фаворити, пак, каратистката Наташа Илиевска и танц инструкторот Даниел Кимовски, за нивната самба добија само поен помалку од Сара и Мишо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top