Селото Велереч, во близина на Крагујевац, Србија, е познато по тоа што го има единствениот регистриран и легален клуб за свингери, поточно двојки кои ги менуваат своите сексуални партнери меѓу себе.
Од Ада Бојана до Суботица, и од Сараево до Софија, единственото легално и регистрирано место каде што можете да ја одведете вашата сопруга да проба други мажи, и притоа да уживате во тие сцени, се наоѓа во селото Велереч на Ибарската магистрала, пишува во репортажата на „Блиц“.

Свингерскиот клуб е уредно заведен во сите државни регистри и сместен во двокатница покрај самиот пат. Но, и покрај големата и воочлива табла, ретко кој застанува и наминува. Барем преку ден…
А, навечер, вели 65-годишниот Миодраг Мај, основач и сопственик, е друга песна.
– Никој не сака да му го препознаат автомобилот, па паркираат во дворот зад куќата или ги сокриваат регистарските таблички – вели тој.
Овој локалец, кој откако се родил во селото и пораснал во Белград, каде што се стекнал со мајсторска диплома за златар, заминал на работа по белиот свет. Бил во Германија, Италија, Франција, Јужна Африка, Венецуела, за одново да се врати во родната грутка.
– Србите заминуваат по белиот свет убедени дека се мајстори за секс и дека сѐ знаат, а кога еден Германец ќе го одведе дома да ја обработи неговата сопруга, му доаѓа да падне во несвест – вели Мај.

Инаку, во неговиот свингерски клуб е дозволено сѐ што е на доброволна база, но исклучиво со лица од спротивниот пол. Сопственикот на клубот не сака да раскажува за своите доживувања, но навестува дека видел и доживеал сѐ и сешто. Пред четири години во семејната куќа, која зјаела празна, собите на катот и потпокривот ги преуредил во убави љубовни гнезда, додал сауна и џакузи и во една просторија сместил секси-играчки: лисици, маса за масажа и параван со отвори во висина на половината, каде што од едната страна се редат мажи, а од другата страна клекнуваат жени.

– Свингерите практикуваат секс со размена на партнери и се однесуваат раскалашено до одредени граници. Или, пак, се за групен секс. Мојата улога тука е да посредувам и на таквите двојки да им овозможам остварување на нивните сексуални фантазии – појаснува Миодраг.
Секако, во клубот дискрецијата е загарантирана, што се подразбира со оглед на тоа дека цената на влезницата е 2.000 српски динари, за што се добива и пијалак во неограничени количини и беспрекорно чисти кревети и бањи.
Сопственикот на клубот изјавува дека јавноста би се изненадила кога би знаела колкумина уживаат во неговиот клуб, и тоа не само Срби, туку прима гости и од Босна, Косово, Црна Гора… Сепак, никогаш немал гости од блискиот град, Горњи Милановац.
Приземјето на клубот личи на обична дневна соба и тука гостите се запознаваат со правилата, а за Денот на вљубените имало голема навалица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


