Туристичка компанија ќе почне да нуди аранжмани специјално само за свингери и нудисти. Туристичката агенција се вика„Intimate Places“ и нуди одмор без непотребната осуда за избраниот начин на живот. Авантуристите спокојно можат да си одмараат во полн луксуз и дискреција, без да бидат вознемирувани од надворешниот свет.
Сопственикот на компанијата, Дејв Бејта, објаснува дека резервацијата нема да се разликува од било која друга туристичка агенција, само понудата ќе биде она што ќе ги разликува од останатите.
Гостите добиваат апсолутна заштита од непоканети гости, воајеризам во грмушки и други слични иритирачки ситуации. Одморалиштата се со посебен режим за влез и апсолутно никој нема право да влегува, без да се легитимира како гостин на хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.