Рафаел Надал и Серена Вилијамс ја сочуваа комотната предност на светската тениска ранг-листа и останаа на врвот, иако не настапија минатата недела на турнирите.
Серена се враќа со настап на престижниот турнир во Дубаи, а има речиси двојна предност во однос на кинеската тенисерка На Ли. Вилијамс е лидер на ВТА-листата со 12.380 поени, пред Ли со 6.690. Зад нив со скок од една позиција исто како и Ли е Агнешка Радванска. Најголем пад во топ-10 од втората на четвртата позиција бележи Викторија Азаренка, а зад неа се Шарапова, Квитова, Јанковиќ, Кербер, Халеп и Ерани.
Кај мажите Надал се пријави за учество на АТП-турнирот во Рио де Жанеиро, а и тој како и Серена има голема предност во поени на врвот на светската ранг-листа. Шпанецот води со 14.330 поени, пред Новак Ѓоковиќ со 10.580 поени. Меѓу најдобрите десет се и Вавринка, Ферер, Дел Потро, Бердих, Мареј, Федерер, Гаске и Цонга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.