| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Каеда повика на џихад против Франција

Огранокот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров (АКАП), со седиште во Јемен, повика на џихад со цел да се спречи воената интервенција на Франција против исламистичките бунтовници во Мали

_49387943_aqap466
– За крстоносна војна против исламот, во секој случај не постои оправдување. Тоа значи да се прогласи војна против исламот и муслиманите- рече групата „AКAП“, алудирајќи на војната која Франција ја води во Мали. Инаку, групата е означена како најопасна гранка на глобалната џихад мрежа.

-Поддршка на муслиманите во Мали, тоа е должност на секој муслиман кој е во состојба да го стори тоа- се вели во соопштението на Шеријатскиот одбор на екстремистичка група, кое американски центар за следење на екстремистички форуми го стави на интернет.
Во соопштението се наведува дека муслиманите можат да помогнат со давање на сопствениот живот или пак, финансирање на војната.

„AКAП“ наведува дека, „да се дава помош на неверниците против  муслиманите е исто што и да се напушти верата“.

Франција е на 11 јануари започна воена операција во Мали по барање на привремената влада во таа поранешна француска колонија против исламистичките бунтовници, кои пред 10 месеци го окупираа поголемиот дел од северниот дел на земјата, а неодамна почнаа да се движат и кон југ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top