| четврток, 6 декември 2018 |

На охридската ривиера ќе се градат нови десет хотели

ohrid_g_0

На охридската ривиера, на атрактивни локации ќе се градат нови десет хотели. Меѓу нив и хотелот „Палас“ некогашниот бренд на ривеарата кој во бизнис брошурата „Инвестирајте во Охрид“ им се нуди на потенцијалните инвеститори објави Сител.

Експертите од областа на туризмот сметаат дека за објектите каков што е „Палас“ кои што се под заштита многу потешко може да се најде инвеститор бидејќи оној кој ќе вложи пари ќе биде ограничен во своите замисли што и како може да прави.

Инаку хотелските капацитети ќе се градат покрај брегот на Охридското езеро во населбите „Свети Стефан“, „Даљан“, „Андон Дуков“ и „Грашница“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top