Нови конаци ќе се градат во манастирскиот комплекс „Св.Стефан“ во Охрид.
Почнаа активности за рушење на старата и дотраена куќичка со две соби, со чистење и средување на околината. Тука наскоро ќе никнат новите и современи конаци кои на туристите и верниците им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро.
Дополнително ќе се изврши заштита на околните карпи од натамошно проширување на пукнатините. Пред три години, во манастирскиот комплекс беа изградени и осветени конаци кои нудат мирен престој на верниците, посетителите и туристите кои одмараат тука и остануваат во неповторливата природа и живописниот пејсаж.
Пред изградбата на конаците, обновена беше надворешната фасада на пештерната црква а се реновирана и камбанаријата. Свети Стефан е македонска пештерска црква која се наоѓа во под охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан.
„Св. Стефан“ е мала пештерска црква која се наоѓа на 5 км јужно од Охрид. Потекнува од средината на IX век и по неа е наречен целиот овој туристички комплекс, кој е најголем на целата охридска ривиера. Свети Стефан е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. Свети Стефан по многу нешта е уникатен црковно манастирски комплекс на Охридското крајбрежје. Сепак, она што посебно е карактеристично за пештерската црква посветена на Св. Стефан, е Божјото око. Тоа е редок симбол по кој е препознатлив овој уникатен православен музеј во Охрид и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.