| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Ја намаливме невработеноста, БДП расте, а извозот е на рекордно ниво

vmro-dpmne1_1

Од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ велат дека невработеноста ја намалиле за 28,7 проценти, БДП расте во услови на криза, а извозот е на рекордно ниво.

– За малите и средни компании обезбедивме 350 милиони евра евтини кредитни линии преку Европската инвестициска банка, од кои 250 милиони евра веќе ги искористија 1.000 компании, а дополнителни 100 милиони евра по повластена каматна стапка од 5,5 проценти се ставени на располагање од почетокот на оваа година со што е обезбеден континуитет во поддршката на малите и средни компании. Дополнителни 10,7 милиони за поддршка на примарното земјоделство, за преработка и извоз, обезбедивме со докапитализација на МБПР при што 27 компании ја искористија оваа можност и добија средства со камата од само три проценти“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top