| четврток, 6 декември 2018 |

Седмерецот на Ојлески му донесе бод на Металург

Metalurg - Dinamo Minsk 2013_009

Металург со нерешениот резултат против Динамо Минск освои нов поен. Иако Металург во поголем дел од мечот беше во негатива, успеја, буквално, во последна секунда да дојде до нерешен резултат – 23:23. На полувреме Металург замина со негатива од два гола.

Последниот напад на Металург во последна секунда беше грубо спречен од страна на ракометарите од Динамо Минск, по што, беше досуден пенал за македонскиот состав. Одговорноста ја презеде младиот репрезентативец Гоце Ојлески, кој погоди од линијата за седум метри, по што Металург на своето конто додаде уште еден поен.

Најдобар од составот на македонскиот тим беше Дарко Станиќ, кој имаше 16 одбрани. Ренато Вугринец беше одличен, постигнувајќи пет поени, колку што постигна и младиот Гоце Ојлески (два од пенал). Ванчо Димовски, Дејан Манасков и Лука Циндриќ постигнаа по три гола. Циндриќ двапати промаши од линијата за седум метри.  Павел Атман, кој натпреварот го играше со големи болки во рамото, успеја да погоди двапати. Со два погодока натпреварот го заврши и Гоце Горгиевски.

Следната недела Металург за противник ја има Барселона. Шпанскиот тим ќе допатува во Македонија, а силите ќе бидат одмерени во спортската арена „Борис Трајковски“. Вардар наредниот викенд гостува во Франција, на средна со ПСЖ. Со две победи наредниот викенд македонските претставници би го оставиле ПСЖ на четвртото место.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top