Рускиот претседател Владимир Путин и познатата гимнастичарка Алина Кабаева се венчале, пишува денешното издание на Дејли мејл.
-Кажано ми е дека Путин (61) и Кабаева (30) се венчале денес во манастирот Ивер– напишал на Твитер најголемиот политички ривал на Путин, Алексеј Навални, а пренесува британскиот весник.
Шпекулациите се појавиле на интернет откако на детски спортски настан во рускиот индустриски град Нижњекампск познатата руска гимнастичарка и носителка на златен медал, пред телевизиските камери покажала свадбена бурма на четвртиот прст. Портпаролот на Путин Дмитриј Песков ги отфрлил гласините велејќи дека се “интернет вежба да се одбегне досадата”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.