
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска и ја врачи партиската книшка на Вања Матеска од Гостивар со што таа стана 45.000-от член.
Претседателот на Унијата на млади сили Владимир Нелоски истакна дека е голем интересот на младите кои сакаат да се приклучат кон работењето на оваа партија.
– УМС и понатаму останува отворена за сите млади луѓе кои сакаат да се приклучат кон нашата работа. И покрај тоа што сме во толку голем број, ние сме како едно семејство и единството не сплотува, рече Нелоски.
Новиот член на Унијата на млади сили, Вања Матеска изјави дека се зачленила во партијата затоа што смета дека Владата преку проектите што ги спроведува им дава многу можности на младите.
– Во оваа партија се зачленив затоа што сметам дека Владата придонесува за секој млад човек преку проектите што ги спроведува, а тоа се отворање на голем број факултети, дисперзирани студии, намален партиципација и голем број други проекти, нагласи Матеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


