
СДСМ продолжува со идејата за враќање на средната класа. Денеска Ванчо Узунов преентираше мерки насочени кон, како што вели, зголемување на инвестициите и на извозот на малите и средните претпријатија.
-СДСМ ќе обезбеди поддршка преку издавање на гаранции за секое мало или средно претпријатие што има инвестициски проект и за него има обезбедено 25% сопствено учество. Овие гаранциите ќе бидат обезбедени преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Поедноставената шема за овој проект за поттикнување на инвестиции на малите и средните друштва е следната: доколку инвестицијата е 100.000 евра, а инвеститорот има 25.000 евра сопствено учество, Македонската банка за поддршка на развојот ќе обезбеди гаранција за 65.000 евра кон банката, којашто ќе го одобри кредитот од 75.000 евра. На овој начин, инвеститорот ќе биде заинтересиран да успее инвестицијата бидејки во неа и тој има влог. Исто така и банката, со тоа што кредитира со мал ризик, ќе биде мотивирана да ги употреби основните стандарди за разгледување и одобрување на успешен проект – рече Узунов.
Тој додаде дека СДСМ во својата Програма предвидува и формирање гарантен фонд, во висина од 15 милиони евра, за давање гаранции при доделување на кредити од банките на малите производни фирми, коишто имат извозно ориентирано производство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


