
Металург лошо стартуваше против Динамо Минск, натпревар во рамките на ракометната Лига на шампиони. Домакинот поведе од самиот старт, а на ракометарите на македонскиот тим му беа потребни повеќе од 4 минути за да го постигнат првиот гол. Мразот го скрши Павел Атман, кој прв успеја да ја погоди проотивничката мрежа. Иако Динамо Минск водеше и со четири гола предност, Металург пред крајот на натпреварот успеја да се приближи на еден гол разлика (11:10). По кратката пауза на барање на тренерот на Динамо Минск, домакините повторно ја зголемија предноста на три гола, за Ренато Вугринец да постигне поен во последната секунда, за резултат13:11.
Со својата игра се истакна голманот на Металург, Дарко Станиќ, кој имаше осум одбрани во првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


