
35- годишниот Ф.О. од тетовското село Долно Палчиште синоќа околу 21 часот и 30 минути бил донесен во Тетовската клиничка болница со повреда во стомакот која ја здобил од ловечка пушка. Поради сериозноста на повредите, тој веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Во неговата куќа, јавниот обвинител и претставници на полицијата извршиле увид, при што биле пронајдени ловечки карабин со една празна чаура во цевката и други траги како фрагменти од проектилот и оштетувања на вратата.
Од едно женско лице, кое било во куќата, земена е парафинска ракавица, а по наредба на јавниот обвинител парафински ракавици ќе бидат земени и од другите домашни кои со повредениот заминале за Скопје.
– Се работи на утврдување на околностите како се повредил Ф.О., односно дали е самоповредување или станува збор за нешто друго, изјави Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


