
Српскиот Амадеус бенд преживеал кошмар откако засега непознат напаѓач пукал кон еден од членовите. Според податоците на српскиот портал Курир, кон клавијатуристот на бендот, Бојан Станимировиќ, било пукано среде Белград. Непознат сторител пукал кон неговото возило, но ги погодил гумите, а за среќа, Бојан не бил повреден за време на инцидентот.
Сакаме да веруваме дека ова е случајност. Од друга страна, ништо не може да не заплаши и ако некој мисли дека “Амадеус“ ќе исчезне ако му се заканат на композиторот на песната “Моја земја“, многу се лаже, цели Аца Станимирович, фронтмен на групата.
Бендот веднаш го пријавил случајот во полиција, а полицијата трага по напаѓачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


