| четврток, 6 декември 2018 |

Тренерот на Динамо: Ќе играме подобро против Металург отколку против Вардар

Metalurg - Dinamo Minsk 2013_001

“И покрај тоа што ги загубивме шансите за следната фаза ние не смееме да се опуштиме, бидејки играме во Лигата на шампионите. Ние на секој натпревар треба да играме на победа. Сметам дека играчите се расположени за борба, се наоѓаат во добра форма и дека утре ќе играме подобро отколку против Вардар“ – вели, тренерот на Динамо Минск, Словенецот Борис Дениќ, пред денешната средба со скопски Металург.

Средбата е закажана за 14 часот по македонско веме. Тренерот на Металург, Лино Червар, најави дека Металург ќе настапи со најдобриот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top