„Екипата е комплетна. Освен старата повреда на Атман, која нема да биде причина за негово неиграње, немаме други проблеми и ке настапиме со најсилниот состав. Очекуваме Динамо да игра максимално ангажирано, но, како и секогаш, Металург ќе влезе и во овој натпревар со единствена цел, а тоа е победа“ – изјави тренерот на Металург, Лино Червар, пред денешниот меч со Динамо од Минск.
Средбата од Лигата на шампиони е закажана за 14 часот по македонско време. Динамо Минск не се пласираше меѓу најдобрите 16 во оваа лига, но тоа не значи дека нема да вложи напори за да го совлада нашиот тим. Сегашниот играч на Металург, а поранешен играч на Динамо, Павел Атман, вели дека оваа сезона Динамо има целосно нова екипа и нов тренер.
-Кога се работи за толку големи промени потребно е време за да се состават сите делови и да се оформи екипата. Затоа не ме чуди што, со ваков играчки состав, екипата не се пласира меѓу најдобрите 16 – коментира Атман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.