Димитар и Звонко се двајцата Македонци кои, за да навиваат за Металург, со автомобил допатуваа во Минск. Патот долг 2000 км, низ пет држави, овие навивачи го поминаа за три дена. Тие разговарале со фотографот на Нова Македонија, Дарко Андоновски, кој раскажува дека навивачите на овој начин сакале да му се оддолжат на клубот кој им приредил многу убави моменти.
-Зборуваме за спортските моменти, но и за прекрасната атмосфера која владее на натпреварите на Металург“, изјавија верните навивачи за “Нова Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.