Лидерот на Македонската партија во Албанија -Македонска Алијанса за Европска Интеграција и градоначалник на општината Пустец во Албанија Едмонд Темелко изјави дека на средбата со претседателот на Собранието на Албанија Илир Мета побарал да не се укине општината Пустец и другите општини на малцинстата во Албанија .
Темелко за албанскиот медиуми изјави дека добил гаранции од првиот човек на албанското Собрание дека нема да се дозволи новиот закон за територијална поделба на земјата да ги укине општините на малцинствата , како што се македонското и грчкото.
„Ние бараме новата територијална поделба да не влијае во нашата општина која има 5300 жители, а законот превидува општините да имаат над 10 илјади жители. Ако се укине општината, се заканува асимилација на Македонците”, изјавува Темелко за албанските медиуми.
Весникот „Тема” наведува дека ‘Македонците се многу вознемирени од најавите за новата територијална респределба’, вели Темелко.
Министерот за локална власт на Албанија Бледи Чучи по реакциите на македонското и грчкото малцинство во Албанија изјави дека Владата нема да дозволи да се укинат општините каде живеат малциствата во Албанија . /крај/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
„Гига Мега Бајка“ на ТДМ со награда за колективна игра на „Македонско културно лето“ во Пустец
-
Министерот Попоски ја посети општина Пустец
-
„Зошто им пречи кога Македонци од Пустец имаат државјанство и гласаат, а не им пречи илјадници Албанци кога гласаат во Кичево и во други градови?“