Од денеска започнува собирањето потписи за кандидат за претседател што ќе трае се до втори март. Државната изборна комисија најави зголемување на бројот на местата каде што независните кандидати ќе може да ги собираат потписите од 35 на 80.
Воедно граѓаните ќе имаат можност и да се проверат на во избирачкиот список за претстојните априлски претседателски избори. Списоците ќе бидат отоворени се до 7 март. Тој ќе биде ставен на јавен увид во подрачните единици на државната изборна комисија и во дипломатско конзуларните преставништва, за оние лица кои не живеат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.