| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре увид во избирачкиот список

Увидот во Избирачкиот список за претстојните априлски претседателски избори во земјата  започнува утре и ќе трае до 7 март. Државната изборна комисија (ДИК), според Роковникот за извршување на изборните дејствија, најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни единици и месни канцеларии. Увидот трае дваесет дена. Истовремено, како што јави МИА, започнува и јавниот увид во посебните изводи на Избирачкиот список во Дипломатско-конзулартните претставништва на Македонија за лицата на привремена работа или престој во странство. Посебните изводи од Избирачкиот список ДИК преку Министерството за надворешни работи ги достави до ДКП-та.

До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта преку ДКП-та или до ДИК да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список. На 1 февруари, пак, започна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе можат да поднесат пријава за гласање за претседателските избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top