Бројот на жртвите во обилните снежни врнежи што без престан ја зафатија втор ден Јапонија, се зголеми на девет, а уште околу 1.300 луѓе се повредени.
Како што објавија јапонските медиуми податоците се собрани од 30 префектури зафатени од невремето. Повеќето од смртно настраданите и повредените се последица на лизгавите патишта.
До саботата навечер во Токио наврнале нови 27 сантиметри снег, кој повторно е близу рекордот за последните 45 години. Во градот Кофу, на 130 километри западно од главниот град се забележана најсилните снежни врнежи во целата 120-годишна историја на метеоролошките набљудувања, каде што наврнале 114 сантиметри снег. Обемен снег е забележан и во Сендаи и Фукушима.
Водечките јапонски воздухопловни компании откажаа околу 850 летови на домашните линии. Патниот сообраќај во западниот од Токио кон западните префектури е во прекин. Железничкиот сообраќај, пак, е во функција, но со големи проблеми. Досега без снабдување со електрична енергија останале околу 24.500 станбени единици во седум јапонски префектури.
Метеоролошката служба предупредува дека престанувањето на снежните врнежи може да биде проследено со температури до 11 Целзиусови степени, па наглото топење на снегот може да предизвика дополнителни тешкотии во сообраќајот.
Ова се втори обилни снежни врнежи за една седмица во Јапонија, откако минатиот викенд областа на Токио беше погодена од силно невреме во коешто според последните податоци животите ги загубија 15 луѓе, а повеќе од две илјади беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


