Во Охрид на десет атрактивни локации предвидено е да никнат хотелски капацитети. Меѓу нив се најде и хотелот Палас некогашниот бренд на ривеарата кој во бизнис брошурата Инвестирајте во Охрид им се нуди на потенцијалните инвеститори.
Од локалната велат дека решавањето на статусот на Палас и изградбата на современ туристички капацитет е од големо значење бидејќи на тој начин повторно ќе се врати сјајот на овој објект кој во изминативе години не функционира и е целосно запуштен .
Експертите од областа на туризмот сметаат дека за објектите каков што е Палас кои што се под заштита многу потешко може да се најде инвеститор бидејќи оној кој ќе вложи пари ќе биде ограничен во своите замисли што и како може да прави .
Инаку хотелските капацитети ќе се градат покрај брегот на Охридското езеро во населбата Свети Стефан ,Даљан,Андон Дуков,и Грашница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


