| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд до нови бодови во Бундес лигата (видео)

FC Bayern Munich vs SC FreiburgБаерн Минхен и Борусија Дортмунд денеска славеја во рамките на 21. коло од германското фудбалско првенство. Баерн Минхен го совлада Фрајбург со 4:0, а ист беше и резултатот на мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт.

Borussia Dortmund vs Eintracht Frankfurt

Кај Б. Минхен Данте го постигна првиот гол во 19.минута, по што следуваа двата гола на  Џердан Шаќири во 34. и 42.минута. Пизаро со гол во 88.минута само заокружи за убедливи 4-0.

Кај Борусија Дортмунд, пак, два гола постигна Обамејанг во првиот дел, а по еден погодок постигнаа Левандовски и Јојиќ во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО:
Баерн – Фрајбург 4-0
Вердер – Мехенгладбах 1-1
Борусија Д. – Ајнтрахт Ф. 4-0
Хофенхајм – Штутгарт 4-1
Брауншвајг – Хамбургер 4-2

ТАБЕЛА:
Баерн 59 бода,
Баер Л.(-1) 43,
Борусија Д. 42,
Шалке(-1) 37,
Мехенгладбах 34,
Волфсбург(-1) 33,
Мајнц 33,…

 

фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top