Шесте гола на Ѓокиќ, најмногу на натпреварот, ја донесоа победата на ЖРК Вардар против Данкињите сите голови Ана Ѓокиќ ги постигна во второто полувреме. Со гол предноста, 24 : 23 против Митлијанд во третото коло во Лигат на Шампионите, Вардарки се поблиску до финалниот „Фајнал фор“ турнир во Будимпешта. Следното коло девојките од двата тима повторно ќе се сретнат, но во Данска.
Митјиланд одлично го почна второто полувреме и со два гола набрзина ја достигна најголема разлика од четири гола (11-15). Во тој момент судиите направија неколку грешки на штета на вардарки и ја вклучија публиката во натпреварот. На крилата на гледачите одлично заиграа во одбраната французинките Пино и Дембеле додека во нападот беше непогрешлива Андреа Лекиќ која со прекрасни асистенции ја разигра Ѓокиќ на линијата од шест метри. Капитенот на Вардар Ина Суслина имаше фантастична вечер со 15 одбрани. По четири погодоци постигнаа Хмирова и Радичевиќ додека најдобрата светска ракометарка за 2013 година Лекиќ даде три.
Кај Митјиланд надобра беше голманот Енглерд со 17 одбрани. Во нападот се истакнаа Јоргенсен со по пет голови, а Грот даде четири.
Следното коло двата фаворита за првите две места во групата Вардар и Митјиланд ќе го одиграат својот натпревар на теренот на Данќињите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


