Таинственото каменче со форма на крофна, кој на почетокот од јануари годинава го сними роботизираното вселенско возило „Opportunit“ на американската агенција за вселенски истражувања НАСА, е дел од карпа кој се откинал и стркала под тркалата на возилото, објави агенцијата.
Под возилото „Opportunity“ кој инаку не се придвижи од местото од ноември 2013 година и работеше само со манипулатор, неочекувано се појави добро воочлив камен кого го нема на снимката за 3536-от сол (марсијански ден) oд почетокот на мисијата, а на 3537-от сол тој веќе се забележува на видно место. На 8-ми јануари 2014 година роверот го сними каменот кој научниците го нарекоа „Pinnacle Island“ однадвор е бел , а во средина црвен и според снимките изгледа како крофна.
„Откако го пренасочивме Opportunity кој ни испрати нови снимки и откако го проучивме „Pinnacle Island“ недалеку погоре од местото на пронаоѓање на каменот видевме превртена карпа којашто го има истиот необичен облик”, појаснува Реј Арвидсон од универзитетот Вашингтон во Сент Луис. Според него, каменот можеби се откинал неодамна, под самат површина, или, пак, е производ од ерозијата на теренот којашто овозможила каменот да заврши под возилото.
Претходно кон средината на јануари раководителот на мисијата Стив Сквајрес, изјави дека мистериозниот црно-бел камен кој ненадејно се појави во близина на автоматското вселенско возило „Opportunity“, има единствен хемиски состав кога станува збор за Марс, во него има значително повеќе сулфур, магнезиум и манган. Едноставно тој се појави”, рече Сквајрес на 19-ти јануари годинава говорејќи на свечената седмица по повод десетгодишнината од слетувањето на роверите Spirit и Opportunity на Црвената планета.
Според научникот, се испитуваа две теории за потеклото на ненадејно појавениот камен. Првата е дека бил некако исфрлен од тркалата на роверот, а втората дека претставува фрагмент од кој е исфрлен од удар на метеорит, којашто според Сквајерс е помалку веројатна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


