Продолжува турнејата на зимските убавици викендов во ски-центарот Маврово. Изборот за Зимска Мавровска убавица 2014 ќе се одржи во сабота во 21 часот во дискотеката Ратрак во Маврово каде ќе се претстават финалистките.
Турнејата ќе ги опфати речиси сите поголеми градови низ државата, се до големото финале кое ќе се одрзи на 22.март во Куманово во дискотеката „Лолипоп“.
Победничката, Зимската убавица на Македонија за 2014 година ќе добие право да учествува на еден од интернационалните избори за убавина за кои Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Минатата година победи Кристина Димитријевска од Тетово, прва придружничка бесе Ана Трајковска исто така од Тетово, а втора Мартина Димитрова од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



